Корисниците од објектите на Апелациски суд, Историски архив, Основен суд Скопје и Врховен суд во општина Центар утре од 8.00 до 11.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.