Во просториите на МКЦ Скопје, вчера беше реализиран проектот наречен „БАТАЛИ КОЛА!” во организација на здружението Култи Ватор од Скопје. Во рамките на настанот беше одржана работилница/дебата на која се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат корисниците на алтернативните превозни средства (електричен тротинет, велосипеди, скејтборд, лонгборд итн.) во Скопје и како да се засили промоцијата на користење на истите од страна на жителите на градот.

Се одржа и мала трка на со електрични тротинети и велосипеди. На крајот од вечерта настапија во посебен дел од настанот и „Winks Oh!“. Настанот е помогнат од страна на Град Скопје.