Сопствениците на ресторани за свадби во знак на протест од 14 до 17 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во Автокоманда.

Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата да ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки. Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната.

ЈСП информира дека поради ова, автобусите ќе возат по изменета траса.

По изменета траса од вообичаената ќе возат:

Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока.

Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.