Градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ, и директорот на ЈП „Паркинзи на општината Центар“, Васко Кичевски, остварија средба со пазарџиите од зеленото пазарче. Претставници од трговците, градоначалникот и директорот ги информираа за проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока на паркингот со кој стопанисува ЈП „Паркинзи на општината Центар“, како и со новите измени во поскапувањето на цените за паркирање на територијата на општината Центар.

Преку аргументирани забелешки, двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период се манифестираа со неколкудневни протести од страна на пазарџиите на зеленото пазарче.

– Приоритет ни се граѓаните што живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку, напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено вашите барања во архивата на општината, за да можам да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на советот на општината Центар – им рекол градоначалникот, како што информираат од општината Центар.

Како што веќе најавил Богдановиќ, за предложените барања на пазарџиите на наредната седница на советот на општината Центар ќе одлучуваат советниците.