Сто денари за првиот час, а секој нареден час по 50 денари ќе чини паркирање во А0 зоната во Скопје.

Ова е наведено во Одлуката за дополнување на Ценовникот на ЈП „Градски паркинг“, која на денешната седница ја донесе Советот на Град Скопје.

Одлуката е на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, а ќе стапи во сила веднаш по објавувањето.

ЈП „Градски паркинг“ досега немаше А0 зона за паркирање.