Фото: Игор Бансколиев

Освен на оваа делница, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски-Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

Секој поголем град што има повеќе од половина милион жители треба и да одговара на нивните потреби. Следствено на тоа, треба да има широки и големи улици, градски превоз што ќе ги превезува жителите од местото на живеење, да има водоводна и канализациска мрежа со капацитет што ќе одговара на бројот на жители, но и да ги задоволува рекреативните потреби на неговите жители.
За таа цел градските власти со полна пареа работат на задоволување токму на овие потреби кај жителите на метрополата. Изминатите години интензивно се градеа и сѐ уште се градат булевари, се поврзуваат населени места, интензивно се реконструира и се инсталира нова водоводна мрежа, се градат паркови, се поставуваат игралишта и места за рекреација на жителите, за Скопје да биде град што ги задоволува потребите на сите.

ВЕЛОПАТЕКА ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД

Екипите на градските власти интензивно работат на изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба.
Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на „Лукоил“, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.
Како што истакна градскиот татко, Петре Шилегов, во текот на оваа година се направени повеќе од 100 километри велосипедски патеки.
– Освен на оваа делница, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски-Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно – рече Шилегов.
Градот Скопје минатата година целосно го реконструира коловозот на булеварот Александар Македонски, во должина од 5.300 метри, кој е од исклучително значење, бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје, а велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата Васко Карангелевски, на булеварите АСНОМ и Никола Карев и на клучката кај Момин Поток.

ЗНАЧАЈНА ПАТЕКА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

Со изградбата на велосипедските патеки не се задоволуваат само потребите на велосипедистите и рекреативците, со тоа се поттикнуваат и оние што не ги практикуваат велосипедите како превозно средство да ги сменат своите навики и да се одлучат да го користат како брзо и еколошко превозно средство.
Досега жителите на овој потег од Скопје беа доста ограничени кога беше во прашање возењето велосипед, бидејќи немањето велопатека на овој потег го правеше користењето велосипед доста ризично за велосипедистите.
– Како жител на Маџари, многу голем проблем ми причинуваше тоа што немаше велосипедска патека за нас што редовно ги користиме велосипедите, бидејќи мораше на одредени делови да се симнуваме на улица и да возиме со автомобилите. Мислам дека на сите ни е јасно колкав ризик претставува тоа, особено доколку се земат предвид сообраќајните шпицеви, кога метежот е навистина голем – вели Зоран Илиевски.
И градоначалникот Шилегов ги повика жителите од овој дел на градот да користат велосипеди во своето секојдневно движење за да придонесат за поздрава животна средина.


Освен на оваа делница, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски-Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

[email protected]