Андерфест денес го распиша конкурсот за пријавување на млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на Андерфест фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 5, 6 и 7 Април 2019 во просториите на Јавна Соба во Скопје.

Авторите треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: [email protected] најдоцна до 31 декември 2018година.

Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот.

Се очекува да настапат преку 50 артисти од полето на музиката, театарот, литературата, културата и уметноста на 3 посебни сцени. Влезот за сите настани е бесплатен.

Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.

Потребни податоци за конкурирање на музички бендови:

– Име на бендот
– фотографија од бендот
– музички правец
– по можност демо снимка од авторска песна
– по можност демо снимка од кавер песна за кавер бендови

Потребни податоци за конкурирање на театарски уметници:

-Име на театарската група
-Име на театрската претстава (времетраење на претставата, бројот на актери што настапуваат, режија…) потребни се податоци како за регуларна претстава

Потребни податоци за конкурирање на автори од областа на литература:

-Име и презиме на авторот
-Име на книжевното дело
-Жанр (Поезија, проза, роман….)

Потребни податоци за конкурирање на предавачи и изложувачи:

-Право на пријавување имаат сите истражувачи, научници кои имаат релевантно научно-истражувачко дело кое би го презентирале пред публиката присутна на фестивалот.