Во Општина Бутел архивата ќе работи и попладне

Општина Бутел, покрај дежурниот телефон 075 249-314 на кој граѓаните можат да пријавуваат најразлични комунални проблеми, го продолжи и работното време на архивата, за поголема ефикасност на администрацијата и достапност на граѓаните до општинските услуги.
– Општина Бутел од почетокот на месецов го продолжи работното време на општинската архива од 7.30 до 19 часот. Со оваа мерка сакаме да бидеме поблиску до граѓаните и нивните потреби за општинските услуги за кои не можат да стигнат во текот на стандардното работното време и за кои мораат да излезат од работа за да подигнат или поднесат некаков документ – информираат од Општина Бутел.
Покрај овие мерки, Општина Бутел во скоро време се подготвува и за инсталирање електронски систем за оценување на општинската администрација, односно на шалтерските работници.


Ѓорче Петров, Кисела Вода и Центар без струја

Шест и пол часа без напојување со електрична енергија, во периодот од 8.30 до 15 часот, ќе останат дел од жителите на населеното место Кадино во Општина Илинден. Според известувањето од „ЕВН Македонија“ АД, во периодот од 9 до 11.30 часот, без електрична енергија ќе останат и корисниците од улицата Ибе Паликуќа од број 35 до број 40, потоа Веле Марков од број 1 до број 9 и број 40 и улицата Браќа Галеви од број 45 до број 55 во Општина Ѓорче Петров. Во периодот 12.30 до 14.30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и дел од жителите од улицата Исаија Маџоски, исто така, во Општина Ѓорче Петров.
Четиричасовен прекин во снабдувањето со струја во интервал од 9 до 13 часот, ќе имаат и дел од жителите од улиците Методија Патчев, Герника, Речиште, Сердарот, Иван Мештеровиќ, Иван Хаџи Николов и Киро Фетак во Општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата Битолска, објектот на градската пајак-служба, како и дел од корисниците лоцирани околу поликлиниката Пролет во Општина Центар.