Зоолошката градина во Скопје го поднови својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период. Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.

Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина. Директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал“ склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.

– Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон – најавуваат од ЗОО Скопје.