Во скопската Зоолошка градина денеска беше претставено новото живеалиште на пингвините, које е наречено „Залив на пингвините“.
– Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима – рече градоначалникот Петре Шилегов кој се обрати на настанот.
Тој додаде дека градот ја финансирал изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари.
Исто така, Шилегов посочи дека Скопје и ЗОО во континуитет работат и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители.