Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје започна голема акција за чистење на дивата депонија, лоцирана во околината на фабриката „Хемтекс“.

Од утринава екипите на Градот и Општината рачно и со механизација во должина од околу 1 километар расчистуваат над 200 кубика отпад, одложен од страна на несовесни граѓани. Покрај ова, со акцијата опфатено е и кастрење на нараснатите суви гранки.

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота, затоа што само така ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина.