Општина Кисела Вода почна акција за садење цвеќиња во парковите на својата територија. Од вчера во повеќе месни заедници во парковите се засадени околу 1.000 цветни садници, од планираните вкупно 2.000. 

Од Општината информираат дека цветни садници од типот Колеус, Петунија и Импатија добија тревните површини и жандинери во Пинтија, Црниче, 11 Октомври, Цветан Димов, населба и село Драчево. Покрај ова, цвеќиња се садеа и во основните училишта и градинки во Кисела Вода.

Цветните садници се донација од Градот Скопје и ЈП Паркови и зеленило.