Управата за извршување на санкциите соопшти дека ги продолжува своите активности со цел подобрување на условите за престој во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија.

Почнувајќи од 28.06.2019, во Казнено-поправниот дом Идризово се спроведува акција за рушење на најруинираните објекти од стариот дел на затворот, популарно наречен „Одделение за школарци”, а по завршување на рушењето и расчистувањето на теренот од градежниот шут, веднаш ќе се започне со оплеменување на просторот и негова пренамена во шеталиште на кое ќе рекреираат и шетаат осудените лица од затвореното одделение во оваа установа.

– Осудените лица кои до 2018 година престојуваа во објектите кои сега се рушат, се преместени во новите одделенија кои се изградени и пуштени во употреба во јули минатата година, а се наменети за осудените лица кои се со полуотворен или отворен третман во процесот на ресоцијализација.Со наведената активност се решава уште еден проблем од мнозинството проблеми наследени од периодот пред 2017 година и им се овозможува на осудените лица во КПД Идризово казната затвор да ја издржуваат во похумани услови и простор кој е изграден во согласност со европските стандарди – се вели во соопштението.