Забрзано се одвиваат градежните работи за реконструкција на патот што води во месноста Три Круши, близу селото Драчево. Во моментов се работи на негова санација во должина од 660 метри, а со оваа реконструкција на два крака што водат до куќите на жителите што живеат во овој дел од населбата се поставени павер-елементи во должина од 220 метри. На патот ќе се постават и 23 столба за светилки. По завршувањето на работните активности граѓаните полесно и безбедно ќе стигнуваат до своите домови и до познатото излетничко место Три Круши.

– Завчера увид во градежните работи направи и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на советот на општината, Дарио Шимиќ. Општината и во иднина ќе продолжи да вложува во подобрување на инфраструктурата во сите делови на својата територија – велат од Кисела Вода.