Три занимални за децата од најмала возраст во градинката „Кочо Рацин“ ќе бидат комплетно реконструирани од клонот „Бели мугри“. Јаслите за најмалите дечиња ќе ги обнови општината Центар. Трите простории се реконструираат со најсовремени материјали.

– Се реконструираат ѕидовите и таваните и се поставува нов паркет, а старите и дотраени врати и прозорци се заменети со нови и поквалитетни. По реконструкцијата на капацитетите, градинката ќе може да прими до 70 дечиња во новите јасли – соопштуваат од Центар.

Грижата на општината за најмладите свои жители ќе продолжи и во наредниот период, со реконструкции во градинките „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „13 Ноември“.