Целосно е реконструирано детското игралиште во урбаната заедница „Владо
Тасевски“, спроти хотелот „Карпош“. Старите и дотраени реквизити беа заменети со нови лулашки, тобогани и клацкалки.
Исто така, службите на локалната самоуправа го обновија и детското игралиште во Карпош 4, кое е лоцирано меѓу зградите, по должината на булеварот Партизански одреди.
За обнова на овие две игралишта, Општината инвестира околу 530 илјади денари.
– Во овие моменти, службите за одржување на урбаната опрема работат и на санација на детските зони во Влае 1 (на ул. Франце Прешерн) и во Нерези (на ул. Козле 8), а ќе продолжат со работа и во Карпош 3, со обнова на игралиштето на улицата „Пелистерска“. Сите овие јавни простори овозможуваат повеќе место за рекреација на граѓаните и враќање на маалските дружби во населбите. Ги известуваме сите граѓани за одговорно користење на реквизитите и јавните добра по населбите. Тие се поставуваат и одржуваат од буџетските средства на Карпош – пари на сите граѓани и, оттука, одговорноста е кај сите нас – велат од Општината.