Општината Карпош неодамна санира и обнови дел од урбаната опрема околу Драмскиот театар во Карпош 2. Во оваа акција локалната самоуправа постави нови и замени поголем дел од старите клупи со нови, а монтира и нови канти за отпад. Надлежните сметаат дека на овој начин може да им се овозможи поголема удобност на посетителите на Драмскиот театар, имајќи предвид дека некои од клупите се поставени на платото пред театарот.

Најавуваат дека во претстојниот период ќе бидат поставени и посебни канти за догорчиња, а се предвидува и обнова на осветлувањето.

– Во овој дел од општината, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе започне и со уредување на зеленилото, при што ќе се постават нова тревна површина и зеленило. Целосно ќе се облагороди јавниот простор и ќе прерасне во маалски парк за рекреација – информираат од општината Карпош.

Надлежните апелираат граѓаните да внимаваат на урбаната опрема и на правилно фрлање на отпадот.