Фото: Игор Бансколиев

Во саботата во скопската котлина се појави магла што ја намали видливоста при сообраќајот. Поради тоа беа откажани и пренасочени некои од летовите од скопскиот аеродром, потврдија од М-НАВ. Од аеродромот „Скопје“ во саботата попладне беа пренасочени три лета.

Но со расчистувањето на маглата, пополека се нормализира авиосообраќајот. Вчера од скопскиот аеродром се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетеборг, откако од вчера попладне и ноќеска поради намалената видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.