Акција за косење и расчистување на тревните површини денеска почна да се спроведува низ општината Кисела Вода.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, ангажирани се сезонски работници кои рачно и со тримери денеска работат на просторот покрај трим патеката и во други делови на населбата 11 Октомври, како и во Бирарија, Црниче, Пржино и Драчево.

– Акцијата за косење на нараснатата тревна вегетација интензивно ќе продолжи и во наредниот период. Ќе се изведува низ сите останати урбани и месни заедници ширум општината, секаде каде што ќе има потреба – информира општина Кисела Вода.

Во насока на отстранување на опасноста од пожари, општина Кисела Вода апелира до сопствениците на дворови, ниви и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост да ги искосат нараснатите тревни површини и израснатите грмушкасти растенија.