Изминатите два месеца општинските власти на Бутел интензивно работеа на облагородување на просторот во основното општинско училиште „Свети Климент Охридски“.

Како што информираат општинските власти, реновирани се и опремени простории со најсовремени реквизити за фитнес и сала за боречки вештини, за афирмација на спортот.

– Внатрешниот двор е разубавен со обновување и ставање во функција на централната фонтана. Сите приоди до фонтаната се поплочени со бекатон-плочки, на површина од 50 квадратни метри. Се очекува поставувањето на стаклената градина, наменета за учениците, кои теоретските програми за одгледување растенија ќе ги заменат со практични. Исто така, приодните скали до горниот кат се целосно поплочени и побезбедни – информираат општинските власти.