Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција во Скопје, санкционираа 141 непрописно паркирано возило што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 11 до 17 октомври 2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 73 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 68 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.
– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходна поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР-Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар за да се издигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот – информираат од Општината.