Општина Аеродром денеска ја почнува пролетната акција за санација на детските и спортските игралишта, како и на клупите, кантите и другата урбана опрема на нејзина територија.

Од општината информираат, дека наредните денови ќе бидат опфатени сите игралишта, според претходно утврден план и динамика.

Одржувањето на детските игралишта ќе почне од населбата Мичурин, санацијата на спортските игралишта ќе започне од населбата Ново Лисиче, а обновувањето на урбаната опрема е предвидено да почне од населбата 13 Ноември.

Општина Аеродром за оваа намена од Буџетот издвои 4,8 милиони илјади денари.