„Јас внимавам“ е мотото на кампањата за поголема безбедност во сообраќајот, во која рефлектирачки приврзоци ќе добијат 6.452 првачиња. Овие приврзоци се донација за првачињата од 79 училишта на територијата на градот Скопје и општината Илинден.

Првите приврзоци им се поделен на првачињата од основното училиште „Кочо Рацин“.
Донацијата е дел од кампањата „Јас внимавам“, посветена на зголемување на свеста за поголема безбедноста во сообраќајот, која компанијата ОКТА ја реализира две години.