Проектот за целосна реконструкција на улицата Московска влегува во завршна фаза. Оваа сообраќајница се реконструира на потегот од крстосницата со булеварот Партизански одреди до крстосницата со булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Васил Чакаларов. Вкупната должина на реконструираниот потег е 690 метри.
Проектот предвидува вадење на стариот и оштетен коловоз и поставување нов асфалт, на вкупна површина од околу 9.000 квадратни метри.

– Најголемиот дел градежни работи на улицата се завршени и останува уште да се изведе поврзувањето со булеварот Партизански одреди, кое треба да заврши деновиве, како и да се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација – информираат од градот Скопје.
За реконструкцијата на оваа улица градот ќе потроши околу 8,2 милиони денари со пресметан ДДВ.