Целосно се реконструирани патеките и паркингот во општинското основно училиште „11 Октомври“ во општината Центар. Во вкупна површина од 600 квадратни метри, надлежните од оваа локална самоуправа информираа дека градежните работи се одвиваат забрзано поради почетокот на новата учебна година и тие ќе им овозможат на учениците да се движат безбедно и сигурно, а на родителите и вработените да имаат соодветни паркинг-места.

Покрај поставувањето комплетно нов асфалт и нова подлога, службите на општината го расчистуваа и дворот и партерно го уредуваа зеленилото во училишниот двор.