Подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација беа побарани на денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП), на кој му се придружија и други синдикални организации од (КСОМ).

Протестот наречен „предгенерална проба“ претставува најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк. Покрај НСП, на протестот свои барања упатија и други синдикати членови на КСОМ.

А исти барања, но одделно, по протестот се јави и Синдикатот на полицијата, кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати.