Речиси сите основни училишта во општината Аеродром добија прочистувачи на воздух. Станува збор за набавка на апарати за прочистување на воздухот како дел од активностите од планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамките на борбата против загадувањето.

– За Аеродром се донирани 38 прочистувачи на воздух за училниците во кои престојуваат деца со целодневна настава. Како дел од мерките, во вторникот во градинката „Буба Мара – Пчелка 2“, досегашниот нееколошки систем за греење на нафта беше заменет со високоефикасни инвертер-клими. Нашата општина и натаму останува посветена на ублажување на штетните последици од енормното загадување на воздухот – велат од општината Аеродром.