Во градскиот парк во Скопје, кај „Школка“ утре во 11 часот ќе почне прославата „Боите на независноста“ по повод 8 Септември – Денот на независноста.

На настанот ќе се презентираат различни активности, сервисни информации, услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите, показни вежби, традиционална храна, спорт и др.

Од Владата соопштија дека во 12 часот ќе се интонира химната на Република Северна Македонија по што ќе следи и обраќање на премиерот Зоран Заев.

На настанот со своја музичка програма ќе настапат: 5+ Бенд, Денсерс јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и диџеј Драган Б. Костиќ.