Претходно почнатата есенска акција за засадување ново зеленило, која се организираше во Нерези, Лептокарија, Влае Два, Криви Дол, сега продолжува и во Тафталиџе. Општината Карпош, во рамките на есенската акција, засади нови 22 висококвалитетни листопадни дрвја, по должината на улицата Московска, пред станбените згради.

– Локалната самоуправа ја презема оваа иницијатива со намера рамномерно да го зголеми зеленилото во сите урбани заедници. Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина – велат од општината.

Во изминатиов период во претходните акции беше засадено ново зеленило при што беа засадени вкупно 400 украсни растенија.