Продолжува чистењето на двете страни на реката Вардар. Екипите на градот Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновите продолжија со работа и машински ги косеа ниската и високата вегетација веднаш до коритото, а исто така ги отстранија и наталожениот мил и песокот од коритото на Вардар. Работите се одвиваат на потегот од булеварот 8 Септември до мостот „Гоце Делчев“. Дополнително, како дел од активностите, се чистат и камењата на косините, како и нивните фуги, а каде што постои потреба тие се затвораат и со цементен малтер.

Според информациите од градот, чистењето на реката Вардар ќе продолжи и во следниот период, а во акциите за спроведување на чистењето се и ќе бидат вклучени јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“.