Општина Аеродром деновиве ја привршува реконструкцијата на веќе постојните, како и изградбата на новите пешачки патеки во непосредна близина на улицата Коста Новаковиќ во Стар Аеродром.
Станува збор за патеки што се наоѓаат меѓу зградите на улицата Коста Новаковиќ, со површина од 3.500 квадратни метри, со павер-елементи во боја и со нови рабници.
Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и изградба на целосно нови пешачки патеки на ниво на целата територија.