Привремен режим на сообраќај на бул. „Македонско-косовска бригада“ во Општина Чаир ќе биде воведен во наредните неколку дена поради поставување среднонапонски и нисконапонски приклучок на дел од булеварот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Сообраќајниот режим ќе биде воведен утре и ќе трае до сабота во периодот од 8 до 17 часот, и во недела (8 јули) од 4 до 12 часот.