Дел од корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „Костурски херои“ и Борка Талевски“ и на бул. „Теодосиј Гологанов“ во општина Центар утре од 10 часот ќе немаат вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЈП Водовод и канализација. 

Прекинатото водоснабдување ќе биде поради изведување приклучок на водоводна мрежа на ул. „9 Мај“ бр. 44 и ќе трае до завршување на интервенцијата.