Амбасадата на САД во Скопје и Aмериканските катчиња во Република Македонија, во соработка со Општина Карпош, го организира првиот мини саем на креативци во Скопје. Настанот ќе се одржи утре, петок, од 10 до 19 часот, на паркингот на ВИП-арената „Борис Трајковски“.

– Овој мини саем во Скопје, што ќе биде забавно да го посетат цели семејства, претставува фестивал на иновативност, креативност и талент. Ќе учествуваат ентузијасти, занаетчии, едукатори, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти и луѓе од бизнисот од цела Македонија – соопштуваат од американската амбасада.

На настанот ќе има практични демонстрации и работилници вклучувајќи 3Д-печатачи, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Првиот саем на креативци во Македонија се одржа минатата година, во Битола.