Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
Според најавите од Град Скопје целиот објект би требало за дваесетина дена да добие нова конструкција, по што ќе почне изведбата на надворешноста и куполата, кои треба да бидат готови до крајот на годинава. Потоа се очекува стартот на втората фаза, односно реконструкцијата на внатрешноста.

Одговорните за проектот неодмна изјавија дека со проектот ќе се задржи постоечката форма, а ќе биде направена и внатрешна реорганизација на просторот.

Инаку Универзална сала веќе подолго време е затворена. На последниот одржан настан, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална сала во Скопје.