Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па сѐ до почетокот на влезот во паркот, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

– Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед – велат од Град Скопје.