Министерството за одбрана информира дека денеска, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Македонија, во касарната ,„Илинден“ во Скопје со почеток во 19 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно како што најавија од таму во 16 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.