На четири локации во општината Карпош се поставени големи контејнери за кабаст отпад. Граѓаните ќе можат да се „ослободат“ од непотребниот мебел, домашни предмети, електронски и електричен отпад, во деновите од 18 до 22 мај, во Влае 2, зад Порта Влае, кај автобуската постојка; во Тафталиџе 2, на улицата Женевска (по автобуската постојка на последна 24-ка); во Козле, во близината на новиот споменик на Кузман Јосифоски-Питу; и во Долно Нерези, на улицата Ванчо Мицков.
– Ги повикуваме сите граѓани да го остават својот отпад на посочените локации – информираат општинските власти. Контејнерите, в сабота, на 22 мај ќе бидат подигнати од комуналните служби на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.