Поради снимање филм, на улица „Македонија“ пред хотелот Бристол вечерва од 20 часот до шест часот утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот.