Поради протест, утре, 20 јули, ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Протестот е во организација на Здруженија на граѓани – коалиција „Менуваме“, а ќе почне во 18 часот пред Владата и ќе продолжи до Собранието.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“ и лево по ул.„Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.