фото: Игор Бансколиев

ЈП Водовод и канализација – Скопје извести дека како разултат на голем дефект на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, голем дел од корисниците од град Скопје ќе имаат прекинато водоснадување или намален притисок.

Ова ќе ги опфати населбите: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ЈП Комунална хигиена обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно Информативниот Центар на телефонскиот број 02 3073 010.

– Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните во овие делови на град Скопје. Воедно уверуваме дека тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато ќе работат со цел брзо отстранување на дефектот и нормализирање на водоснадувањето – се наведува во соопштението.