Невреме со пороен дожд, грмежи и ветер го зафати вечерва главниот град. Поплавени улици и тротоари можат да се забележат по обилните врнежи.

Во одредени ситуации возилата се качуваа по тротоари бидејќи не можеа да се движат по поплавените улици. Меѓу погодените населби е Зелениково, чии жители се справуваат со надојдената вода.

Од Управата за хидрометеоролошки работи беше најавено нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Оттаму велат дека исто време не очекува и утре, а од понеделник следи сончево и потопло време, а во попладневните часови повторно ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.