Возило на Црвен крст ќе патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода во деновите кога температурата на воздухот ќе биде над 35 степени, а на граѓаните ќе им се делат и шишиња со пиење.

Активностите се дел од проектот „Топлотен бран“ што општина Кисела Вода го спроведува во соработката со Општинската организација на Црвениот крст.

Совети и информации за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, граѓаните може да добијат на телефонските броеви 02/3211-417 и 071/289-203, секој работен ден во периодот од 11 до 16 часот.

– Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во Програмата за 2018 година на Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода – информираат од општината.