Пожарот кој избувна денеска околу 11.30 часот над населбата Пинтија е ставен под контрола. Пожарот ја зафати деградираната шума во близина на населбата.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА изјавиле дека е пријавен нов пожар кај Сопиште и навеле дека пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства.