За обезбедување подобри услови за живеење и стопанисување, континуирано се работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, која на територијата на општината се протега во должина од над 310 километри.
– Во рамките на проектот „Подобрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици“ е извршено асфалтирање на 14 локални улици, во должина од околу 2.000 метри. Во населеното место Илинден е извршено асфалтирање на улицата 19, во должина од 560 метри, која ги спојува улиците 15, 13, 11 и локалитетот Ограѓа, асфалтирани се краците на улицата 9, во должина од 630 метри, како и краците на улицата 8, во должина од 320 метри, во Бучинци е извршено асфалтирање на улицата 4, во должина од 470 метри – информираат општинските власти.
Оттаму додаваат дека овие улици се асфалтирани, бидејќи претходно била изведена или веќе имало поставено фекална канализација, која ќе се поврзе со колекторскиот систем за зафаќање и одведување отпадни фекални води или пречистителна станица.
– Дополнително, некои од овие улици беа оштетени од изградбата на гасификацискиот систем, со кој се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс во локалните економски зони во општината Илинден – велат од Илинден.
Како што информираат, во рамките на своите можности, локалната самоуправа континуирано ќе продолжи со реализација на проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици и подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони, со што ce придонесува за одржлив локален економски развој и овозможување квалитетен живот и животен стандард за граѓаните во општината Илинден.
Во наредниот период Општината ќе продолжи со асфалтирање на улиците и во другите населени места во општината