Во матичниот објект на јавната установа детска градинка ,,11 Октомври“ се реновирани подовите, вратите и прозорците на повеќе простории. Репарирани се 450 квадратни метри под, односно беше иструган и лакиран стариот паркет и во ходниците беше поставен нов ламинат на површина од 68 квадратни метри. Вкупната сума за оваа реконструкција на градинката изнесуваше повеќе од 2.000.000 денари, која ја обезбеди општината Бутел.

– Беа заменети и репарирани 110 прозорци и 14 влезни дупли врати. За децата со пречки во развојот беа набавени најсовремена дидактичка опрема и најразлични детски играчки – пет мали и две големи трамбулини. Исто така, за да се подобри грижата кон најмладите беше набавена паметна табла. И отсега оваа градинка може да се издвои како првата во Скопје, која поседува паметна табла – велат од општината Бутел.

Градоначалникот Велимир Смилевски вели дека ќе се работи на подобрување на севкупните услови за дечињата во сите 6 градинки на територијата на општината Бутел.