Тројца патници биле повредени откако автобус на ЈСП вчера излетал од патот кон Матка.

Според информациите на МВР, вчера во 18:40 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Долно Матка – село Горно Матка автобус на ЈСП, управуван од М.Б.(55) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од село Матка и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. Причните засега не се познати.