Поради закажани технички зафати во електро-системот без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Гази Баба, Арачиново, Кисела Вода и Карпош.

Во периодот од 10.55 до 12.55 часот без струја ќе бидат делови од населба Ченто, хангарите на патот за Арачиново во Гази Баба, од 8.55 до 10.55 часот делови од селата Орланци, Мојанци и Арачиново, во општина Арачиново, од 8.30 до 10.30 часот делови од улицата Пандо Кљашев во Кисела Вода и од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул. „Његошева“ во Карпош.

Прекин во снабдувањето со струја ќе има и утре и тоа од 8.30 до 17 часот корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – подулиците 23, 25, 27, 29, 31, 33, 35, 37, 39, 40, 42, 44, 46, 48 и други подулици во непосредна близина, во општина Аеродром.

Истиот ден во период од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисници од дел од село Орман до пругата, во Ѓорче Петров, од 10.00 до 12.00 часот делови од улиците „Герника“, „Киро Фетак“ и „Ратко Митровиќ“ во близина на туланата во Драчево, како и фирмата „Марлес“ во Кисела Вода) и од 9 до 13 часот дел од селата Бразда и Чардак во општина Чучер Сандево.