Градоначалникот Филип Темелковски во придружба на претседателот на Советот на oпштина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и Дарко Филиповски, член на Советот го означи почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација, реконструкција и изградба на нова пристапна улица во населбата Пинтија.

Жителите на Пинтија на потегот од ул. Саса 2 до крстоницата со Јабланица ќе добијат целосно реконструирана улица. Улицата Саса 6 ќе се санира со ширина на профил од 10 метри, на истата ќе се изработат нови тротоари од двете страни, со ширина од 2 метри, како и нов пристапен пат изработен од павер елементи со ширина од 5,5 метри. Вкупната должина на поставување на асфалт заедно со павер елементите на улицата ќе биде во должина од 400 метри.

Додека од крстосницата со ул. Јабланица до крстосницата на ул. 1440 ќе се реконструира ул. Саса 6, во должина од 81 метар. Ќе се асфалтира и кракот на ул. Јабланица во должина од 73 метри со постојната ширина. На овие улици ќе се обноват и тротоарите.

Покрај ова, на ул. Саса 6 и по кракот на ул. Јабланица во должина од 570 метри ќе се изгради нова атмосферска канализација.Средствата за подобрување на инфраструктурата се обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Истиот го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска Банка.