Во скопската зоолошка градина започна изградбата на живеалиштата за пингвини и фламинга.

Како што информираат од управата, овие живеалишта ќе се градат етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините напролет.

Со ова, скопската зоолошка конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди.

Финансиите за изградба на живеалиштата се обезбедени од град Скопје.